Кој производ го чисти целото тело од токсини?

Loading...

Постои само едно нешто на кое треба да внимавате: никако не смеете да ја посолувате
Кога се во прашање природните диуретици и чистачи на организмот кои ги отстрануваат отрови, науката го прогласила апсолутниот победник – рдоквата!
Рдоквите го поттикнуваат лачењето на дигестивните сокови и работата на цревата, па затоа им се препорачуваат на луѓето кои имаат проблем со запек. Свежиот сок од рдоквите е стар народен лек, а помага и кај лачењето жолчка, па затоа е добар за лекување воспаленија на жолчното кесе.
Исто така, поволно делува и на излачувањето слуз од органите за дишење, па затоа се препорачува доколку имате бронхитис, настинка, грип, респираторни инфекции и кашлица.
Потекнуваат од Азија и се едни од најстарите култивирани билки во светот. Ги има дури и на цртежите на гробниците на старите Египќани, кои ги сметале за чудотворни. Многу се распространети во целиот свет, а се користат како салата, зачин или лек.
Црна рдоква

Не можете да си го замислите денот без леб? Еве што ќе…
Доматите во борба против стареењето и вишокот на…
Експеримент: Појадувале подоцна, а вечерале порано,…
Диета со домати: Симнувајте по 3 килограми неделно без…
За нашата клима карактеристична е црната рдоква, која во однос на белата нема некакви позначајни предности. Поради мирисот и вкусот, во исхраната се користи најчесто како производ што го зголемува апетитот. Најчесто се консумира како салата, сама или измешана со јаболка, маслинки, кисели краставички, заедно со маслиново масло и кисело млеко како додатоци.
Црната рдоква се препорачува во случај на белодробни заболувања и кашлица. За да го добиете посакуваниот ефект, треба да го исечете коренот на црната рдоква заедно со кората на тенки резанки и да ги наредите во чинија по слоеви.
Бела рдоква


Јапонците ја нарекуваат „чистач“ на телото. Претставува активен диуретик кој ги топи песокот и каменот, помага при варењето маснотии, го смирува бронхитисот и ја ублажува кашлицата, а исто така ја стимулира и работата на жолчката. Рдоквата е од голема важност за жените, бидејќи ги задоволува потребите на организмот од минерали и ензими и на тој начин влијае на подмладувањето.
Без сол
Важно е да знаете дека не треба да ја посолувате рдоквата во ниту еден облик, бидејќи тогаш станува штетна. Рдоквата треба да ја јадете свежо подготвена, бидејќи со стоењето ги губи мирисот, вкусот и лековитите својства, а ослободува и токсични состојки.

loading...