Кој проневери 100.000 долари од емиграцијата?

Од иницијативата БОЈКОТИРАМ на својата фан страна на фејсбук објавија шокантни тврдења. Ги пренесуваме во целост:
Досега молчевме за да не правиме раздор.
Името го сменивме поради профитерите! Кој проневери 100 000 долари на име на Бојкотирам и за да гради политичка кариера во име на Бојкотирам! Кој лажно во наше име држеше говори на 8ми и 30ти септември и 18ти ноември? Движењето Бојкотирам заедно со остатокот здруженија со кои соработува, од Канада вкупно има добиено вкупно 650 евра за цела Бојкотирам кампања, а донатор беше невладината ММДЧП.
До сега молчевме за да не направиме раздор кај народот. Прашуваме дали поради овие пари ли беше тепачката на 18ти ноември за бината? Дали некој проневери поливина од 100 000 долари преку протестот на 18ти ноември? Протестот на 18ти ноември беше оддржан за да се истроши енергијата кај народот за да не дојде на протестот на Македонија Блокира на 1ви декември. Протестот на 27ми септември на Млади за Македонија беше уништен за да може некој друг да се прогласи за херој на 30ти септември и да го превземе движењето Бојкотирам.
Не е еден, повеќе се! Дали Солза се качи во авион и отиде за Канада (кај што карта чини 2000 долари) за да бара и да добие пари во име на Бојкотирам? Дали нејзината десна рака Корнети Малпомени (ибркана од СУМ) исто така е вовлечена во обид за кражба на донации од дијаспората Предавници, историјата ќе ви суди!

Ова е вест поврзана со донацијата од 18 септенври: Над 145.000 канадски долари досега се дадени како поддршка на кампањата за бојкот на референдумот, закажан за 30 септември годинава. Најголем дел од канадската донација, односно 100.000 долари е од бизнисменот Крсте Ивановски, објави Вечер. Во организацијата на овој значаен настан учествуваа: Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно Движење за Човекови права со Седиште во Канада и македонското патриотско здружение од Канада Андон Лазов Јанев Ќосето…

Loading...