Кој ќе умира, а кој ќе се лечи во европска Северна Македонија?

Loading...

Дотогаш, нека умираат нашите роднини и другари, ама затоа буџетот за НАТО е зголемен тродупло, вели професор Апасиев. Истото тоа уште пред извесно време ми го кажа мојот сосед, лекар, професор и доктор на медицински науки, признат и кај нас и надвор од земјава. Во државното здравство се случува катастрофа, ми рече, тоа ќе стане само за Црнци и Индијанци, односно за нас кои немаме да платиме да се лекуваме во приватните клиники. И би така, но, нејсе. Името не го споменав од разбирливи причини, но да продолжиме со професор Апасиев, тој беше темата:
Во Европска Северна Македонија сиромашните ќе умираат, богатите ќе се лечат, вели професор Димитар Апасиев, додавајќи дека само кога ќе сфатиме дека здравјето е политичко прашање, може да ни тргне.
А, дотогаш, нека умираат нашите роднини и другари, ама затоа буџетот за НАТО е зголемен тродупло. А, за лекови – ќе почекаме. Има време. Плус СМС ќе си праќаме за донации, вели Апасиев.

loading...