Коњско месо и во ќофтињата на ИКЕА

Loading...

Гигантот во производство на мебел, шведска ИКЕА, е последна во низата фирми фатени во европскиот скандал со коњско месо.Имено, чешките инспектори пронашле коњска ДНК во месните топчиња, произведени за оваа шведска групација, пишува The Huffington Post.Чешката државна ветеринарна администрација во Брно пронајде докази за коњско месо во ДНК при тестирање на месото означено како говедско и свинско од ИКЕА.Овие месни топчиња не биле дистрибуирани до потрошувачите, соопшти државната канцеларија.Сепак, портпаролот не знаел дали тие се дистрибуирани и во други европски земји.Од ИКЕА е соопштено дека месните топчиња се произведени од шведски набавувач.Поради коњското месо во пакувањата на смрзнати топчиња од еден килограм, целата пратка од 760 кг е повлечена пред да стигне на полиците.Продавниците на ИКЕА покрај мебел имаат и посебни ресторани каде се продава типична шведска храна, која ги вклучува и тнр. Kottbullar топчиња.Оваа групација има продавници во 44 земји и годишна продажба од 23,6 милијарди фунти.Министрите од цела европа се собраа во Брисел за да разговараат за овој скандал.
МакфаксГигантот во производство на мебел, шведска ИКЕА, е последна во низата фирми фатени во европскиот скандал со коњско мес

loading...
Loading...