Крадецот немаше шанси со неа: Вработена го претепа, па доби отказ, а сега и се смешка животна шанса да стане светска ѕвезда

Loading...

Минатиот месец Самер Тапас- Сатарак (24) сега веќе поранешна вработена во компанијата „Best buy“ на Хаваите стана хит на социјалните мрежи откако го претепа наводниот крадец, а видео снимката ги собори сите рекорди на социјалните мрежи.
Сепак ова не е крај на приказната бидејќи девојката му падна во очи на Дејн Вајт кој е претседател на УФЦ федерацијата во таа земја.


За жал нејзиниот храбар потег компанијата не го ценеше, па девојката по инцидентот доби отказ.
Но секако не би требало да биде тажна поради тоа што таа доби понуда за нова работа.
Имено претседателот на УФЦ го сподели видеото во кое таа го претепува наводниот крадец и ја искористи приликата да ја покани на престојниот меч помеѓу Мекгрегор и Каубој во Невада.
-Подготви се за најлудиот викенд во животот, Самер! И порача тој на девојката.

loading...
Loading...