Краков е еден од најопасните европски градови за туристите

Според резултатите од едно истражување, Краков, еден од најстарите градови во Полска е прогласен за најопасна туристичка дестинација во Европа.
Овој град во Полска доби оцена нула, што претставува “исклучително опасно” место за престој доколку сте странец. Оцената 100 инаку им се дава на дестинациите кои важат за најсигурните локации кои можете да ги посетите, пренесува Дејли Ескпрес.
Резултатите од истражувањето се темелат на статистика за криминал, вклучувајќи инциденти како што се кражби, терористички напади и војни за да се одреди исходот. Студијата исто така ги вклучувала и бројните смртни случаеви предизвикани од сообраќајни несреќи.

Краков има 765.320 жители и се наоѓаат на самата граница со Полска и Република Чешка. Туристите во овој град често ги посетуваат добро зачуваните средновековни градби и еврејски квартови.
Од друга страна, еден од најбезбедните градови за посета е Андора Ла Вела во Андора. Главниот град на Андора, кој се наоѓа помеѓу Шпанија и Франција на Пиринеите има 22.000 жители. Андора Ла Вела има 88,6 поени од можни 100.