Кралицата Елизабета била многу дарежлива со подарокот за младоженците, но е проколнат!

Loading...

Иако кралскиот пар треба да се откаже од поголемиот дел од свадбените подароци во вредност од 8 милиони фунти, кои ги примиле од непознати дарувачи и компании кои по тој пат сакале да остварат нивна промоција и придобивка, еден подарок, оној на кралицата Елизабета Втора сигурно го надомести тој губиток.
Кралицата Елизабета Втора одлучила да биде многу дарежлива кога бирала подарок за својот внук и неговата сопруга. Подарокот кој е достоен за кралицата е всушност куќа, “York Cottage” на имотот во Сандригем.
Подарокот со кој Елизабета сигурно ги воодушеви младоженците е со неверојатни димензии, односно се протега на 8.000 хектари земја.


Покрај тоа, 240 хектари од тој дел е јавен парк, а 24 хектари градина која е поврзана со главната куќа. Имотот, всушност датира од времето на кралот Едвард VII, кој во 1893 година му ја подарил куќата на својот син, кралот Џорџ V.


Хари и Меган моментално престојуваат во куќата Нотингем, која е сместена на имотот на палатата Кенсингтон, а својот нов дом ќе го користат за одмор. Странските медиуми наведуват дека припадниците на кралското смеејство го одбегнуваат тој имот, бидејќи сметаат дека таа куќа е проколната.

loading...