Кралицата ја „уби“ секоја шанса за помирување на принцовите Вилијам и Хари – еве што нареди…

Loading...

Поради протоколот кој што го донела кралицата Елизабета Втора, браќата нема да имаат можност барем малку да се зближат на погребот од нивниот дедо.
По одлуката на погребот на принцот Филип да се прекрши традицијата за носењето на воените униформи, кралицата Елизабета донела уште една одлука – принцот Вилијам и принцот Филип на погребот не смеат да стојат еден до друг.
Меѓу нив двајца зад сандакот на принцот Филип ќе стои нивниот роднина Питер Филипс.
Кога ќе пристигнат во виндзордската капела, Вилијам ќе се оддалечи од својот помал брат поради тоа што кралицата нареди нивните места за седење дека треба да бидат оддалечени едно од друго, пренесува „Daily Mail“.
Откако беше откриен овој дел од протоколот, почнаа коментари дека кралицата со таа постапка ги намалила сите шанси семејството да покаже единство во тешките моменти и оттуѓените браќа да можат да се зближат.


„Ова е погреб и на него нема да има никакви драми. Протоколот е уреден по желбите на кралицата“, изјавил кратко претставник од Бакингемската палата за јавноста.
Поради пандемија на коронавирусот, погребот на принцот Филип ќе биде поразличен од вообичаено.
Кралицата ги донела и следните одлуки:
– Кралицата ќе носи заштитна маска и ќе се одржува дистанца.
– На погребот ќе учествуваат вкупно 30 луѓе колку што е дозволено поради пандемијата, а тоа ќе бидат најблиски членови од семејството
– Единствената личност која ќе биде присутна на погребот, а не е член од кралското семејство е грофицата Пенелопе Кнеџбул, потомок на грофот Маунтбатен од Бурма.
Погребот на принцот Филип ќе се одржи утре со почеток во 15 часот.

loading...
Loading...