Кралица на есента: Оваа намирница е полна со хранливи материи кои го штитат организмот од чести болести

Loading...

Тиквата со право го носи името „кралица на есента“. Оваа намирница е исклучително здрава и буквално е преполна со хранливи материи кои му се потребни на организмот за нормално функционирање и создавање заштита од чести болести.
Тиквата е одличен извор на витамините А, Б6 и Ц, како и магнезиум, железо и калиум што ја прави една од најкорисните намирници кога станува збор за зачувување на здравјето.
Го намалува холестеролот
Фитостеролите кои се наоѓаат во тиквата го намалуваат нивото на лошиот холестерол (LDL), а на тоа укажуваат резултатите од студиите објавени во Националната медицинска библиотека.
Ја подобрува дигестијата


Бидејќи содржи дури 90 отсто вода, тиквата е лесно сварлива, а покрај тоа содржи и многу влакна. Таа е одлична за сите оние кои имаат дигестивни проблеми бидејќи го подобрува варењето и со тоа ги намалува воспаленијата на дигестивниот тракт.
Го чува срцето
Тиквата е еден од најдобрите извори на алфа-линолеинска киселина (ALA), омега-3 есенцијални масни киселини кои се одлични за здравјето на срцето. Оваа киселина се претвора во ЕПА масна киселина со која изобилува рибата, а за која е утврдено дека ги намалува триглицеридите и ја спречува промената на работата на срцето. Алфа-линолеинската киселина во исхраната го намалува ризикот од појава на срцеви проблеми и болести на кардиоваскуларниот систем.
Спречува развој на кандида
Корејските научници откриле дека протеините од кората на тиквата го спречуваат растот на патогени микроорганизми, вклучувајќи и кандида, која предизвикува сериозни здравствени тегоби.
Го регенерира панкреасот
Научници од Кина открија дека екстрактот од тиква може да биде од голема помош кај заболените од дијабетес тип 1, бидејќи го стимулира производството на инсулин и ги регенерира оштетените клетки на панкреасот.

loading...
Loading...