Кратки бракови и брзи разводи во Македонија

Loading...

Експертите велат дека браковите во Македонија се се пократки, а разводите се побрзи. Родителите секој на своја страна, а децата се оние кои најмногу патат, особено тинејџерите.

Кавгите се најопасни по 5 години во брак ! Според анализата, најопасни се кавгите меѓу сопружниците  по влегувањето во петтата година од бракот. Најмалку се разведуваат во четвртата година од бракот. Но, интересен е податокот дека оние што се во брак меѓу 10 и 14 и меѓу 15 и 19 години многу повеќе се одлучуваат на развод од оние кои се во брак помалку од три години.
И мажите и жените најмногу се разведуваат кога се на возраст меѓу триесетатата и четириесетата година. Но, податоците покажуваат дека по четириесетата година, мажите повеќе се одлучуваат на развод во однос на жените кои се на иста возраст. Жените пак, повеќе се одлучуваат на развод кога имаат помалку од триесет години во однос на мажите кои се на истите години.
Секој 10-ти пар глуми среќа пред децата затоа што нивната среќата им е најважен приоритет, но со тоа им праќаат погрешна порака и тие прифаќаат погрешни модели за однесување во љубовта.
Околу 83% од паровите ќе му дадат втора шанса на бракот и дополнително ќе се потрудат да успеат затоа што имаат деца, а секој 10-ти пар го одложува разводот до моментот кога нивните деца ќе бидат доволно возрасни за полесно да го поднесат тоа.
Дури 5% од паровите кои рекле дека останувале во брак само заради децата, успеале да ги решат проблемите и да се смират дури откако едниот си заминал од дома.  Паровите кои мислеле дека само разводот е решение, обично чекаат децата да наполнат 18 години пред да им го соопштат тоа. Родителите глумат пред децата, затоа што не сакаат тие да чувствуваат вина и да мислат дека само заради нив останале во несреќен брак. Сепак, психолозите тврдат дека со тоа не им прават услуга, затоа што тие деца се учат на погрешни модели на однесување кои подоцна ги пренесуваат во своите бракови.
Околу 75% од паровите жалат што не се разделиле порано, а не откако нивните деца си отишле од дома, а 90% од нив велат дека тоа би го направиле порано доколку имале поголема поддршка од своето опкружување, семејството и пријателите.

loading...