Кратко, но ефикасно: Колку минути дневно треба поминеме во природа за да го ублажиме стресот?

Loading...

Многубројни истражувања одамна докажаа дека престојувањето во природа ги репродуцира последиците од стресот.
Оддалечувањето од секојдневната врева, автоматски ќе го репродуцира стресот и ќе нѝ помогне да ги средиме мислите.
Новата студија покажала колку точно време треба да поминуваме во природа за да се чувствуваме подобро после стресниот ден.


Според студијата објавена во магазинот „Frontiers in Psychology“, само 20 минути дневно поминување во природа помагаат во намалување на нивото на хормоните за стрес, пренесува „Harvard Health Publishing“.
Истражувачите го мереле нивото на кортизол на група испитаници пред и после престојот во природа. Испитаниците имале задача да го „одморат мозокот“ на места како јавни паркови и помали зелени површини во близина на своето работно место.
Утврдено е дека нивото на кортизол значајно опаѓа после 20 до 30 минути седење во природа. Притоа не е важно дали ќе шетаме или едноставно ќе седнеме на клупа во најблискиот парк и ќе уживаме во зеленилото.

loading...