Кратко траеше радоста на учениците -утре почнува второто полугодие

Loading...

Иако пред една седмица имаше информација дека зимскиот училишен распуст има шанси да биде продолжен, учениците утре сепак ќе седнат во своите клупи. Колку се одморија- толку, по три седмици зимски одмор, од утре им се враќаат на секојдневните обврски.
Министерството за образование пред една седмица соопшти дека за евентуално одложување на второто полугодие поради заразата од морбили ќе биде во координација со Министерствата за здравство и за труд и социјална политика. Сепак Комисијата за заразни болести од Министерството за здравство пред два дена заклучи дека нема продолжување на распустот за учениците.

 

loading...