КРАЈОТ НА ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА МИЦКОВИСТИЧКОТО ДПМНЕ

Хистеријата која изминатите денови ја ширеа ждановистичко-гебелсовските мицковистички мегафони наречени парталчиња и квази ТВ, кои во секоја демократска држава одамна ќе беа затворени, вчера го доби заслужениот крај – со гордото одбивање на т.н француски предлог од страна на Премиерот. Тоа триумфално замолкнување на нивните погани усти и чкрабаници, кои кулминираа во тажни форми на бладање деновиве пред бриселскиот самит, им е одамна заслужено, всушност тоа се случува перманентно, но само за оние кои, да го парафазирам нивниот несуден пратеник (на мицковистичкото дпмне) С. Бишевац, употребуваат мозок. Несомнено, главното гласачко тело на мицковистичкото дпмне се политички припростите луѓе, помалку образованите и опортунистите – таму некаде се наоѓа нивната гласачка база, иако и таа перманентно се намалува со секој циклус на избори од 2017 до денес. Но дури и за нив, барем за повеќето од таа апстрактна категорија наречена гласачи на мицињата – вчера се случи кристално јасно разголување на нивниот лажен патриотизам, паѓање на нивните „патриотски“ маски, на сите дури и перверзни лаги со кои ги мамат потенцијалните нивни гласачи и наивните луѓе кои имаат некакви слоеви на патриотизам во својата македонска самосвест – и во таа смисла беше убав ден бидејќи конечно се удри, сликовито кажано, глоговиот колец во темното срце на мицковистичката валкана пропаганда.

Планот на Мицковски:

…планот, намерата и целта им била Премиерот да го прифати францускиот предлог и потоа тие, врз основа на незадоволството кај Македонскиот народ – да продолжат да се прават односно глумат патриоти и на тој начин да дојдат на власт…

Лицемерието пред нашите очи:

…кај мицињата нема ништо друго, освен тргањето на шишето вода од пред нивниот „војвода“ од страна на Бојко Борисов, насмеаните лица на истата персона и оној што сега е за жал градоначалник на општина Аеродром, и мистериозната насмевка на Гордана Силјановска со Ковачев (сликите се јавно достапни)
Науновки: КРАЈОТ НА ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА МИЦКОВИСТИЧКОТО ДПМНЕ

Имено, сосема е јасен мотивот, објективната причина за нервозата која премина во хистерија на мицињата уличари (терминот уличари е семиолошки легитимен откако со судска одлука им е запленет главниот штаб, т.н. бела куќа на злото, како и многу други низ државата, така што сега се токму тоа, уличари) – тој голем мит, таа мистифицирана лиотаровска мета-нарација дека тие се патриоти, а сите други или повеќето партии не, веќе е тотално уништена. Вчера, целосно се докажа и сите јасно согледаа кои се патриотите, а кои лажните патриоти, и веројатно делумно свесни за тој факт на крајот на мета нарацијата за патриоти, еве дури и денес продолжуваат во се побесрамно лажење и измислување глупости со кои колку-толку повторно ќе го прикријат дефинитивниот пораз на сите нивни медиумски  валкани„ стратегии“ т.е. простачкото лажење.

Меѓутоа, веќе и на малите деца им стана јасно од вчера – дека најмногу заради мицковистичкото дпмне и посебно хистеријата која ја дисперзираа преку сеуште, за жал, нивната моќна пропагандна машинерија, преговарачките позиции  кои тие упорно со години ги поткопуваа на секој можен начин (на пример, сетете се на мигот кога оној нивниот „лидер“ прозборена бугарски јазик со Бојко Борисов, или кога оној нивен поранешен министер „моќник“ за кој судењето никако да заврши исто така зборува на течен милозвучен бугарски јазик на некое интервју за бугарска ТВ–францускиот предлог беше неповолен за македонските национални интереси. И затоа Премиерот едноставно и патриотски го одби, на нивно изненадување и жалење, бидејќи токму нивниот им „лидер“претходната ноќ кажа дека Премиерот нема да може да го одбие францускиот предлог. Ама ете, за нивна жал, а за радост на секој нормален Македонец, го одби!

Веројатно планот, намерата и целта им била Премиерот да го прифати францускиот предлог и потоа тие, врз основа на незадоволството кај Македонскиот народ – да продолжат да се прават односно глумат патриоти и на тој начин да дојдат на власт. За наша среќа, од вчера, готово е со тој нивен 5-годишен изборен план за победа и седнување во државни фотељи, како и на тој модел на валкана пропаганда! Вчера, патриоти беа Сдсм, Премиерот, Владата, а тие…. обични губитници, како впрочем во сите овие 5 години откако вмро-дпмне се трансформира во мицковистичко дпмне (последните локални избори се друга, мошне интересна тема, посебно во светлина на неистражената изјава на Зоран Заев за многу „црни странски пари“ искористени за изборите).

Клучниот одговор зошто мицињата на секој начин спречуваа(т) интеграција во ЕУ на оваа држава е следниот – затоа што потоа ќе останат без најголемиот извор за манипулации и лаги на народот дека тие се патриоти! А, од вчера сите дознаа дека не се – секако, одговорноста за сите тие прости но ефективни политички манипулации мора да биде испорачана кон нив од Македонскиот народ на следните избори, во 2024 година; се разбира, ако дотогаш државата не ги забрани како политичка партија која делува противнајвисоките државни и национални интереси. Македонскиот народ, граѓаните на оваа држава, овојпат не смее да им прости за се што правеа во изминатите долги 5 години – и нив конечно мора да ги фрли таму каде што им е местото, на ѓубриштето на македонската политичка историја. Во тој контекст, фактите се свирепи за нив – Владата преговарала за интеграција во ЕУ, врз основа токму на вредностите на ЕУ, но сепак финалните, а делумно и отворени за дополнувања документи заради геполитичките реалности (дека Бугарија е веќе во ЕУ, поголема и посилна држава итн.), сепак биле неповолни за нас и нормално, одлуката на Владата и Премиерот била да се одбијат тие документи (фамозниот француски предлог), што претставува принципиелно и мошне храбро лидерство, и тоа е, кажано со вокабуларот на мицињата, апсолутен акт на патриотизам, кој ќе биде врежан во историската меморија на сите кои живеат овде. Нормално, реалните црвени линии од Владата се веќе поставени, и во натамошниот процес на преговори ќе бидат задржани, за жал на мицињата. Наместо ова, за сето тоа време, кај мицињата нема ништо друго, освен тргањето на шишето вода од пред нивниот „војвода“ од страна на Бојко Борисов, насмеаните лица на истата персона и оној што сега е за жал градоначалник на општина Аеродром, и мистериозната насмевка на Гордана Силјановска со Ковачев (сликите се јавно достапни). И еден куп пакосни лаги, манипулации, дезинформации. Ништо друго нема да најдете кај нив и од нив за овие прашања, освен, се разбира, нема да се заборави, нивното гласање за срамната антимакедонска резолуција на ЕПП, со кои уште повеќе ги поткопаа преговарачките позиции на нашата држава. И навистина, после вчерашниот ден, после сите факти во овие 5 години, Македонскиот народ и сите кои живеат во оваа држава, треба да си одговори на прашањето – кој е всушност овде патриот? Мицињата, сигурно не.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.