Крај на љубовта помеѓу Наташа Беквалац и Влада Вуксановиќ

Loading...

Пејачката Наташа Беквалац и манекенот Влада Вуксановиќ после година дена не се повеќе заедно. Според српскиот неделник Скандал, Наташа го оставила Владо, што симболично навестила и во својот нов спот “Слушкиња“.

„Наташа 8-ми март го прославила со сестра и Кристина и Бојан Стојковиќ. Влада следниот ден се вратил од Сиднех, но Ната не го пречекала на аеродромот, а ниту тој од таму отишол кај неа, што е логично дека нешто не е во ред, со оглед на тоа што не се виделе повеќе од месец“,  открил близок пријател на пејачката, додавајќи дека причина за крај на нивната љубов е најверојатно пречестата одалеченост.
„Само што се вратив од пат, не сум ни наспиан. Ќе се слушнеме утре, навистина не би сакал ништо да коментирам“, изјавил Влада, на прашањето дали тој и Наташа се сеуште заедно.
Пејачката Наташа Беквалац и манекенот Влада Вуксановиќ после година дена не се повеќе заедно. Според српскиот неделник

loading...