Крај на љубовта по цели 24 години: Раскинаа славните Петар и Данијела

Loading...

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ ја прекинаа долгогодишната љубовна врска, што ја шокираше хрватската јавност која со години ги сметаше за најскладен пар.
Како што пишува Стори.хр, парот веќе некое време не живеe заедно, а веста за разделбата не сакале да ја коментираат.
Заедно поминале повеќе од 24 години.
Данијела пред помалку од два месеци му упатила емотивна честитка за родендн.
-Нека ти е најсино… Нека ти е море. Среќен роденден, напишала под заедничката фотографија која се уште се наоѓа на инстаграм профилот.
Петар и Данијела се запознале во 1995 година на Дора во Опатија, а две години подоцна започнале љубовна врска.
Парот ретко можело да се види заедно во јавност, а повеќе пати истакнувале дека на нивната врска не е потребен брак, за да останат еден покрај друг.

loading...