Крвава пресметка на Малта, избоден македонски државјанин

Полицијата на Малта трага по Србин кој е осомничен за наводен обид за убиство во Бугиба, на северот на островот. Жртва на немилиот настан е 58-годишен Македонец кој бил избоден и во моментов се наоѓа во критична состојба. Локалните медиуми пренесуваат дека полицијата добила дојава дека во понеделникот дошло до расправија, по што во болницата бил пренесен повредениот маж.
По сторителот се трага, а полицијата ги замолила сите кои имаат некакви информации да се јават во полициска станица.

Loading...