Крвав Бајрам во Авганистан

Loading...

Во бомбашки напад кој утрово се случи пред џамија во северниот авганистански град Нахреин, загинаа најмалку 2 лица, а 12 се ранети јавува Anadolu Agency (AA). Портпаролот на полицијата во покраината Баглан, Ахмет Џавид Бешарат, за АА рече дека бомбата на мотоциклот е активирана пред џамија во центарот на градот. Експлозијата се случи во моментите кога верниците излегувале од џамија во која клањале Бајрам-намаз. Меѓу ранетите има повеќе тешко повредени, а полицијата трага по напаѓачите.
Досега никој не ја презел одговорноста за нападот.

loading...