Крвта не е вода

Loading...

Тоа што осумнаесетгодишниот Алексеј првпат се појавува на големото платно како средношколец седнат во клупа, исто како што и неговиот татко на времето го гледавме во истите сцени, како бунтовниот Слободан Попадиќ во „Подобар живот“ само ја потврдува поговорката дека крвта не е вода.
Алексеј Бјелогрлиќ е син на Драган Бјелогрлиќ. Иако повеќе е заинтересиран за продукција отколку за глума тој тргна по стапките на својот татко и се појави во серијата „Жигосани во рекетот“, чиј режисер и комплетен автор е врвниот и шармантен актер.
-Алексеј во „Жигосани“ доби мала, но впечатлива улога на ученик кој шмекерски ѝ пркоси на професорката. Се уште е млад, полн со ентузијазам, па Драган го вработи за да си заработи пари за на летување. Малиот Бјела цело лето ѝ помагаше на екипата за да заработи за џепарлак, раскажува за “Курир“ член од екипата која работела на филмот.
Ова, сепак, не е прво вакво искуство на Алексеј. Негова прва улога е малиот Тирке во „Монтевидео“. На театарска сцена Бјелогрлиќ-јуниор играл во претставата „Добро паметам се“, во која корежисер е татко му заедно со Неле Карајлиќ.

loading...