Креатин- колку е ефикасен и безбеден?

Еден од најпроучуваните додатоци на планетата. Креатин суплементите како и секој друг суплемент е ефикасен и безбеден доколку се зема по точно определена доза во зависност од тоа што сакате да постигнете.

Што е креатин и како функционира?

Всушност креатинот се создава во нашето тело, преку бубрезите и црниот дроб, по јадење на месо. Мускулите потоа го претвораат креатинот во креатин фосфат, кој потоа се генерира во аденозин трифосфат (ATP), што нашето тело го користи како гориво за вежбање. Битно е да се знае и дека oколу 95% од креатинот се складира во скелетните мускули на телото и се користи за време на физичка активност.

Ако се вратиме на прашањето дали креатинот е ефикасен и безбеден, тогаш, ако треба, да речеме, да изградите мускулна маса за една недела наместо за 30 дена, ова може да биде добра идеја. Но, ако сте татко кој бара само мала помош за да го одржи „темпото“ со своето дете, нема вистинска потреба од внесување на креатин.

Според истражувања докажано е дека таканаречената „loading phase“ не е опасна или нездрава, со препорачана доза на внесување ако ви се потребни брзи резултати за пократок временски период. Но имајте во предвид дека овој суплемент исто така бара и солиден план на исхрана и солиден тренинг. Во спротивно нема да постигнете никакви резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.