Кремаста супа од костени која е богата со витамини

Loading...

Дојде сезоната на костените кои се вистинско есенско задоволство кое секој го сака. Бројни јадења може да се направат од костени, солени и слатки, во зависност од тоа кој ужива во што повеќе. Денес ви носиме неколку интересни факти за костените и рецепт за кремаста супа од костени и карфиол.
Костените за разлика од оревите, бадемите и лешниците, имаат помала содржина на маснотии. Но, затоа тие имаат висока содржина на скроб, дури и поголема од компирот. Костенот не содржи глутен, затоа е погоден за исхрана на луѓе со целијачна болест, чувствителна на глутен или алергични на пченица. Содржат минерали, витамини Б, витамини А и Ц кои остануваат во овошјето при готвење/печење.
Десет костени со средна големина имаат околу 200 калории. Особено се препорачуваат за деца, спортисти, лица под стрес, бремени жени и стари лица, но и за сите што го сакаат ова есенско задоволство. Костените се малку потешки за варење, затоа бидете умерени во количините што ги јадете. Добро е да се комбинираат различни начини на подготовка, имајќи предвид дека печените костени ќе бидат побогати со витамини, а варените со минерали.
Кремаста супа од костени која е богата со витамини


Потребни состојки за супата:
500 г костени
две лажички маслиново масло
праз по избор и вкус
3 чешниња лук
500 г карфиол
6 чаши вода
грчки јогурт или павлака (по избор)
Начин на подготовка:
Исечете ги костените на половина, ставете ги во тенџере, покријте ги со вода и оставете ја водата да зоврие. Гответе полека 15-20 минути. Исцедете ги и додека се топли, излушете ги.
Потоа загрејте го маслото во тенџере или длабока тава на средно-висок оган. Додадете го исечканиот праз и лукот, мешајте 4-5 минути додека не омекне празот. Додадете карфиол и варете мешајќи околу 3 минути. Додадете вода, покријте го со капак и оставете да зоврие. Намалете ја температурата, извадете го капакот на половина и оставете го да се готви околу 20 минути или додека карфиолот не стане целосно мек.
Потоа додајте ги костените во водата. Измешајте ја супата со миксер или рачен блендер додека смесата не се изедначи. Додадете сол, бибер и зачини по желба, а на самиот крај додадете ги преостанатите грчки јогурт или павлака.

loading...