Кремасти таљатели со сланина и грашок

500 г таљатели
450 г ленти чадена сланина
250 г замрзнат грашок
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 лута пиперка
1 гранче свеж рузмарин
2-3 свежи листови жалфија
250 мл неутрална павлака
маслиново масло
сол и мелен црн пипер
рендан пармезан
Таљателите сварете и исцедете ги. Грашокот сварете го, па и него процедете го.
Во тава со загреано маслиново масло испржете го исечканиот кромид. Додадете ја исечканата сланина и пржете додека зарумени. Потоа додадете ги исечканиот рузмарин, жалфијата, лукот и лутата пиперка, и промешајте. На крајот во тавата додадете ја павлаката, динстајте 2-3 минути и тргнете од оган. Вмешајте ги тестенините и грашокот, сервирајте и наросете со рендан пармезан по вкус.