Кремасти тиквички

600 г тиквички
1 лажица сув зачин
150 г гриз
3-4 чешниња лук
магдонос
околу 500 мл млеко
70 г путер
масло, сол и мелен црн пипер
Измешајте го сувиот ззачин со сол и црн пипер. Лукот и магдоносот ситно исечкајте ги и измешајте ги.
Измиените тивкички исечете ги на тенки кругови и зачинете ги. Секој круг тиквичка само од едната страна облепете го со гриз. Редете во тава намрсена со масло, така што страната со гризот да биде одозгора. Нанесете малку од мешавината од лук и магдонос, па продолжете со истата постапка се додека ги потрошите тиквичките. Најодозгора наросете само со магдонос.
Прелијте со зачинетото млеко, нанесете го исечканиот путер и попрскајте со масло. Печете 30-тина минути на 180 степени, или додека тиквичките не заруменат малку.

Loading...