Кремљ: Треба да има хуманитарен прекин на огнот во судирите во Газа

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, истакна дека треба да има хуманитарен прекин на огнот во судирите во Појасот Газа, нагласувајќи дека ситуацијата е исклучително тензична и катастрофална од хуманитарен аспект.

Песков одржа прес-конференција во рускиот главен град Москва, на која говореше за израелско-палестинскиот конфликт.

Тој нагласи дека продолжува „воената операција“ на израелската војска, и додаде: „За нас е многу важно во оваа состојба да има хуманитарна пауза на судирите и да се задоволат хуманитарните потреби на цивилниот народ во Газа.“

„Сигурно дека за нас е важно и руските граѓаните да имаат можност да ја напуштат Газа. Нашите дипломати работат во оваа насока. Ситуацијата е исклучително тензична и катастрофална од хуманитарен аспект“, рече Песков.

Запрашан „Дали е планирано рускиот претседател Владимир Путин да има разговори со лидерите на земјите од регионот?“, Песков одговори: „Секој ден се реализираат разговори на работно ниво, но не се планирани разговори на највисоко ниво.“

Песков рече дека обезбедиле хуманитарна помош во конфликтната зона и дека ќе продолжат со овие активности.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.