Крем супа од зеленчук

Потребни состојки:
-2 компири
-2 моркови
-праз
-целер
-2 чешни лук
-китка магодонос
-зеленчукова коцка за супа
-сол, бибер
-маслиново масло
Начин на подготовка:
Зеленчукот исецкајте го на коцки, па прелијте го со вода. Кога ќе зоврие, додадете ја зеленчуковата коцка за супа и варете додека зеленчукот не омекне.
Кога ќе се свари, пасирајте го зеленчукот додека не добие густина, зачинете и додадете ги исечениот магданос и лук.
Оставете да се повари уште неколку минути, па сервирајте додека е топла супата.

Пронајдете не на следниве мрежи: