Крем торта со малини и чоколадо (без печење)

Loading...

2 готови кори од Винчини
Фил од малини
350 свежи малини или замрзнати
4-5 лажици шеќер
40 гр. густин растворен во малку вода
20 гр. путер
Чоколаден фил
400 мл. слатка павлака
300 гр. чоколада за готвење
Крем фил
350 гр. маскарпоне
4 жолчки
70-80 гр. шеќер во прав
на ваш вкус рендана кора од портокал
150 мл. слатка павлака
Глазура
100 мл. слатка павлака

Чоколаден фил
– Ставете ја слатката павлака и искрешното чоколадо (на помали парчиња) да се загрева и истото да се стопи, но не и да проврие павлаката. Оставете да олади, а потоа ставете во фрижидер да одлежи најмногу 7-8 часа. Јас ова го правам предходниот ден или вечерта, за да наредниот ден продолжам со завршниот дел односно оформување на тортата. Наредниот ден во него додавам само 2 лажици од крем филот, па заедно со миксерот само ги разбивам за да се соединат.
Фил од малини
– Изгмечете ги малините и испасирајте ги, ставете го шеќерот или засладете по ваш вкус, ставете да се кратко време вари. Во нив додадете го густинот растворен со вода, сварете до саканата густина (не многу густо), тргнете на страна и во вака топлиот фил додадете го путерот кој ќе се стопи веднаш – разбркајте, оставете на страна.
Крем фил
– Одвојте жолчките од белките. Изматете ги додавајки од шеќерот постепено, потоа ставете го садот над пареа продолжувајки да работите со миксерот се додека се згусти. Тргнете настрана да олади. Маскарпонето префрлете во друг сад, додадете во него смесата од жолчките и кратко миксајте. Посебно сматете ја слатката павлака, но не да биде многу цврсто сматена. Додадете кај веќе соединетите маскарпоне и жолчките, но продолжете да го мешате со шпатула преклопувајки го. Не вообичаено мешање, кој што чекор е многу битен и од него зависи и воздушестата конзестнција на самиот фил односно треба да добиете пуфкаст крем, а и со самото тоа ќе имате и повеќе количински од филот.
Зглобување на тортата
– Јас земав од големите готови кори на Винчини (чоколадните) претходно планирајки само да ги исечам на половина и да искористам 3 кори, но се предомислив и со обрачот од модлата исеков 2 округли кори кои ми беа потребни за оваа торта. Немаше да се згреши ако навистина користев од малите кори Винчини, фил е доволно.
Но, да продолжам како ја составив. Ја ставив во модлата првата кора која ја премачкав со филот од малините, врз нив ставив втората кора, врз неа чоколадниот фил, врз него крем филот… Површината ја залеав со приготвена ганаш глазура која откако ја приготвив почекав да олади до млако и залеав. Декорацијата си е по ваш избор.
Нема потреба од залевање на корите заради нивната мекост бидјки тоа го прават филовите.
Спојот на корите со овие филови е фантастичен и на родеденската забава се бараше парче плус…
Модлата во која ја спремив е бр.24
Тортата се спремаше за Андреј кој го прослави својот 8-осми роденден.

loading...