Кривичен ги изрече пресудите за “Титаник 2“

Loading...

Вчера Кривичниот суд ги изрече пресудите за предметот “Титаник 2“ на СЈО. Лидерот на ДПА Мендух Тачи е осуден на 3 години и 2 месеци затвор, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски, Анета Стефановска, Сашо Срцев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков на по 3 години затвор.
Шестмината се прогласени за виновни по обвинението дека организирале поништување на изборни резултати на локалните избори 2013-та во Струмица.
Фатиме Фетаи, обвинителка во СЈО  побара мерки на претпазливост за тројца осудени во прв степен, додека за Бедредин Ибраими и Сашо Мијалков побара притвор. За Мијалков поради опасност од бегство СЈО бара притвор до правосилноста на пресудата.

 

loading...