КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ И НЕОВЛАСТЕНО ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА 7000 КГ КАНАБИС

На ден 19.08.2022 година, Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против едно правно лице и четири физички лица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 и став 7 и за кривично дело ,,Криумчарење“, казниво по член 278 став 1 став 3 и став 9 од Кривичниот законик.

Имено, на ден 11.08.2022 година во Царинската испостава Гевгелија, при извршена дополнителна контрола при увоз, oд страна на инспекторите од Одделението за истраги од Царинската управа, констатирано е дека станува збор за дробена, сецкана тревкаста материја, за која по направен тест е утврдено присуство на психоактивна компонента која влегува во составот на растението Cannabis.

По добиена наредба од надлежното Основно јавно обвинителство – Гевгелија, Царинската управа достави примерок од растителната материја до Министерството за внатрешни работи за вештачење, со што се потврди дека  растителниот материјал преставува: исушени и иситнети врвни делови-вршунки од листови и цвет кои потекнуваат од растението Cannabis.

Со откривањето и спречување на обидот за криумчарење на оваа стока од страна на Царинската управа, спречено е неовластено производство и пуштање во промет на психотропна супстанца, односно 7.000 килограми цвет од канабис, која што на нелегалниот пазар на наркотични средства би достигнала вредност од над 20 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.