Кристијано Роналдо и официјално е најдобриот стрелец на ЕУРО 2020

Loading...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо од денес е побогат за уште едно индивидуално признание.
36-годишниот напаѓач на Јувентус постигна пет погодоци на Европското првенство, од кои три од пенал, со една асистенција за 360 минути поминати на теренот. Со ова постигнување се најде на првото место на листата на стрелците на Европскиот шампионат.
Ист број голови постигна и чешкиот напаѓач Патрик Шик, но на пет натпревари одигра 404 минути, но тој не забележа асистенција и според правилата на турнирот, наградата за најдобар стрелец ја добиваат играчите со поуспешни додавања.
Роналдо исто така беше најдобар стрелец на Европското првенство во 2012 година, а во својата кариера постигна 14 погодоци на турнирите на „стариот континент“.

loading...
Loading...