Крис Браун повреден во сообраќајка?

Loading...

Еден ден пред одржувањето на “Греми” наградите Крис Браун доживеал сообраќајна незгода бегајќи од папараците.
Тој изгубил контрола над своето “порше” во Лос Анџелес затоа што папараците го бркале, му го попречиле патот.
“Крис бил сам во автомобилот и одел накај едно студио за танцување. Две возила во кои имало фотографи му го попречиле патот и тој обидувајќи се да ги избегне возел наназад, но на ретровизорот забележал уште две возила со папараци. Кога излегол од автомобилот го обиколиле со блицови од апарати и го навредувале “- изјавил менаџерот на Крис.
Инцидентот најверојатно се случил во близина на студиото каде одел Крис, па удрил во ѕидот на една зграда и тоа повеќе пати, обидувајќи се да побегне од папараците.
Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата сеуште го истражува случајот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Еден ден пред одржувањето на “Греми” наградите Крис Браун доживеал сообраќајна незгода бегајќи од папараците.

loading...