Крокети од ослич

Loading...

500 г филети ослич
1 главица кромид
магдонос
150 г лебни трошки
4 јајца
150 мл млеко
50 мл вода
150 г брашно
масло, сол и мелен црн пипер
Во тава на оган испржете го исечканиот кромид, додадете го магдоносот и зачинете.
Филетите исечете ги на парчиња и 15-тина минути варете ги во посоленото млеко со вода. Ситно исечкајте ги и додадете ги во тавата со кромидот. Додадете 2 лажици лебни трошки и 2 јајца, и со рака замесете смеса.
Формирајте ги крокетите, свалкајте ги во брашно, изматени јајца и лебни трошки, и испржете ги.

loading...