Кружат лажни банкноти: Кумановец плаќал со фалц пари, завршил во станица

Loading...

На 3 октомври 2019 во СВР Куманово, било пријавено дека М.И. (19) од Куманово платил на две места за производи и услуги со фалсификувани банкноти од по 1000 денари.
Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„143“ во Куманово, при што пронашле и одзеле 11 фалсификувани банкноти (10 банкноти во апоени од 500 денари и една банкнота во апоен од 1000 денари).
М.И. бил приведен и задржан во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

loading...
Loading...