Крцкава пита со тиквички и млад кромид

1/2 кг кори за пита
1 тиквичка
1 врзоп млад кромид
100 мл кисела павлака
100 г шунка
1 јајце
масло, сол и мелен црн пипер
Тиквичката изрендајте ја со кора, посолете ја и оставете да отстои 10-тина минути.
На масло пропржете го исечканиот кромид, додадете ги исечканата шунка и исцедената тиквичка, и кратко запржете. Тргнете ја тавата од оган, додадете павлака, јајце и црн пипер, и измешајте го филот.
Прво раширете ја кората, премачкајте со тенок слој фил, нанесете ја втората кора, па и неа премачкајте ја. Свиткајте ги краевите и завиткајте ролат. На истиот начин подгответе ги сите ролати.
Наредете ги во тава обложена со хартија. Премачкајте ги ролатите со масло и печете ја питата 40 минути на 200 степени.

Loading...