Крцкави колачиња

Loading...

Потребни состојки:
3 банани
100 грама кокос
150 грама овесни снегулки
3-4 лажички кокосово масло
2 лажици мед, по вкус
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Бананите изгмечете ги или пак смелете ги во блендер, за да добиете пире. Пирето од банани, овесните снегулки, кокосот, маслото и медот измешајте ги заедно во чинија. Во тепсија ставете хартија за печење, а потоа ставајте по една лажичка од смесата. Печете помеѓу 15 до 20 минути.

loading...