Крцкав домашен помфрит од рерна: 2 состојки ќе му дадат неодолив вкус

Loading...

Минимална количина на масло за јадење и беспрекорна крцкавост – овој неодолив помфрит ќе ги освои сите.
Помфритот е омилен прилог за поголемиот дел од јадењата. Меѓутоа, тоа што на многумина ги тера да го стават помфритот на листата на непосакувани прилози е големата количина масло за јадење кое што го впива компирот.
Домаќинките пронашле одлично решение – помфрит од рерна кој што подеднакво е крцкав како и оној од фритеза или пак тава, но со минимална количина на масло за јадење во себе.
Состојки:
– 1 килограм компири;
– 3 полни лажици пченкарно брашно;
– мелена пиперка;
– суви зачини;
– бибер;
– 2 лажици масло за јадење.


Подготовка:
Излупете ги компирите, па исечкајте ги на осминки. Соединете го пченкарното брашно, пиперката, сувите зачини, биберот, па извалкајте ги компирите во смесата.
Тепсијата обложете ја со хартија за печење, ставете ги компирите на неа, па додадете го маслото за јадење над нив и ставете ги да се печат. Компирите печете ги на температура од 250 степени Целзиусови додека не заруменат.
Благодарение на пченкарното брашно помфритот ќе биде крцкав, а зачините ќе му дадат посебен вкус.
Пријатно јадење!

loading...