Кузеска: Милошоски на бугарски го фали Тодор Александров, потонати се лагите на ВМРО-ДПМНЕ

Целата јавност вчера во македонското Собрание виде дека пратениците од антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се плашат од вистината.

Покажуваат огромна нервоза во Собранието затоа што се разобличени сите нивни лаги, измислици.

Ги видоа заклучоците на пратениците од владејачкото мнозинство за последниот европски предлог и продолжување на европскиот пат.

Сето она што лажно им го сервираа на граѓаните потона во вода.

Имаме целосна заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ.

Ги слушнаа силните пораки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Македонци, со чист македонски јазик во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и почитуван од Унијата.

Оттука е нервозата на овие лажни ликови кои свесно ги лажат граѓаните, манипулираат, со единствена цел, да и наштетат на државата, да не продолжи европскиот пат.

Погледнете и слушнете го ова видео, како Антонијо Милошоски беседи на гробот на Тодор Александров, на бугарски јазик, под бугарски знамиња.

Антонијо на неквалитетен Бугарски зборува за Тодор Александров/Јутјуб

Дури повикува и на заедничко чествување, за заедничка историја, слушнавте.

Епа тоа е вистината почитувани граѓани за Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ, на бугарски јазик зборуваат за заедничка историја со Бугарија. Додека ја плашат јавноста со непостоечка бугаризација.

Тоа е истиот тој Милошоски кој кодификаторот на современиот македонски јазик Блаже Конески го нарекуваше „џуџето и плагијатор од Небрегово“.

Нема да бараме Милошоски да им се извини на граѓаните, затоа што тој нема никаква доблест, нема образ, нема буквално ништо.

ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, Милошоски, Николовски, тоа се едни големи лажговци, ништо повеќе.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.