Кукулев до Љиљана Поповска – нема да фалиш!

Loading...

Нема да фалиш…
Затоа што заврши како што почна, без лице. Прв пат те видовме од небо падната на протестот на Зелената коалиција, па на едно од рочиштата против “Прецедникот” и до ден денес не знаеме ниту кој те покани ниту кој те информираше за настаните на кои, како немил ангел знаеше да се истопориш.
Нема да фалиш затоа што кога автобусот со велешките зелени и тогашниот градоначалник простигнаа пред Холидеј Ин да му соопштат на Метрудхем дека во Велес не се пожелни и нема никаков муабет за рестарт на топилница, твојот втор човек беше веќе внатре на состанок со загадувачот , да преговара со нив за нас ?! Со кое право ?! Во чие име ?! Нема да и фалиш на екологијата која никогаш не ја разбра, затоа што во таа приказна влезе од чисто политички калкулации, а не од еколошки побуди ! Нема да фалиш затоа што од еколошкото движење создаде сателит,олицетворен во собраниско столче, наместо политика што ќе резултира со конкретни резултати. Почна со двајца, завршуваш како еден или ниеден. Нема да фалиш затоа што сателитски ќутеше за Водно, додека тој на кого божем му даваше поддршка пред судот во Велес,лежеше пред багерите ! Нема да фалиш затоа што не одржа ни еден единствен прес против колежот на зеленилото во Скопје . Нема да фалиш затоа што само ти не ги виде табелите во кои Скопје, Велес, Прилеп, Струмица по загадување се пред Мумбаи, Мексико сити, Шангај и Пекинг ! Нема да фалиш затоа што во земјава не постојат двајца што можат да се сетат на една единствена работа што си ја наоравила за еколошкото добро на сите ! Нема да фалиш затоа што ништото никому не му фали. Нема да фалиш ни поради научното (историското) кредо на Проф. Ристовски за кое молчеше додека го растргаа. Но тоа е некоја друга тема.
Да резимирам :
И покрај драматичниот обид да “купиш” време денес, со процедуралната тривијалност на збогувањето…
Не бе…ама ич нема да фалиш !
(Текстот е мој личен став во однос на збогувањето, па за тоа би ве замолил без шерувања и “вадења” на евентуални поенти за политички потреби)
Своерачно:
Aleksandar Kukuleff – поранешен активен член на E.G. Green Power

Во текстот нема редакциски интервенции. Согласно барањето на авторот.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...