“Курир“ открива: Вака ќе изгледа новото уверение за државјанство

Додека сите се фокусирани на аферата “Рекет”, премиерот Зоран Заев го урива македонскиот идентитет.
Имено, Курир дојде до ексклузивна фотографија како ќе изгледа новото уверение за државјанство.
Според инфoрмациите на Курир, вчера било одобрено и доставено, но, не се знае кога точно ќе почне да се издава од управните служби.
Карактеристично во новото уверение е тоа што не постои македонско државјанство туку граѓанин на Република Северна Македонија.
Освен што се укинува македонското државјанство односно нема веќе термин македонски, карактеристично е тоа што уверението е целосно двојазично при што македонскиот и албанскиот јазик се подеднакво застапени.

Loading...