Република Косово е навистина најмладата земја на стариот континент, но можеби има и најдолга историја на напори за нејзино создавање. Додека ја одбележуваме 17-годишнината, да се потсетиме на сите жени и мажи кои се бореа и се жртвуваа за овој ден во кој уживаме денес. Ние сме автохтон народ, што значи дека нашата историја ниту започнува ниту завршува во една генерација – изјави денеска премиерот на Косово Албин Курти од плоштадот во Приштина.
Во Косово денеска со низа активности се одбележува 17-годишнината од независноста на Косово. Втора година по ред 17 февруари го одбележа и општина Северна Митровица. Одржана е и формална седница на косовската влада.
Претставниците на значајните западни земји кои го признаа Косово упатуваат честитки заедно со пораки за аспирациите за напредок на Косово на европскиот пат, но и подвлекување на клучните услови – нормализација на односите со Белград и исполнување на обврските преземени во дијалогот.