Кутија за накит откри сериски убиец: Задушувал старици и ги ограбувал – детали за неговите злосторства

Полицијата од Тексас уапси 46-годишен маж, кој влегувал во собите на старици во домови за стари лица, ги задушувал и потоа им ги крадел вредните предмети.
Американецот Били Чемирмир се претставувал како хаусмајстор и влегувал во собите на старици со над 90 годишна возраст и ги задушувал со перница. Поради возраста полицијата сметала дека стариците починале од природна смрт.
Но, 91- годишната старица од Тексас го преживеала нападот. Крадецот и наредил да легне во креветот, каде ја врзал и ја притиснал со перница. Старицата останала жива, зашто случајно дошле кај неа пријатели и повикале итна помош. Таа забележала дека и е украдено кутивчето со накит.
Полицијата почнала да истражува и стигнале до 46-годишниот маж. Почнале да го следат и една вечер го виделе како во кантата за смет ја фрла кутијата за накит на Тексашанката.


Во неа нашле ливче со адреса на 81-годишната Лу Ти Харис. Отишле таму и го нашле безживотното тело на старицата, задавена со перница. Успеале да го поврзат со три убиства во последните години, но потоа полицијата почнала истрага за околу 1000 убиства на старици во последните две години.
На тој начин, за неколку дена покренале обвинение за уште шест убиства на старици, за кои се сомничи Чемирмир. Кај него нашле накит и мобилни кои им припаѓале на жртвите.
Сите жени биле на возраст од 76 до 94 години во округот Далас во Тексас, а уште пет биле убиени во округот Колин.
Чемирмир е од Кенија и има полициско досие во Далас за возење во пијана состојба.
Тој е притворен со кауција од 9,1 милиони долари, а бидејќи е илегално во САД, било побарано дополнително да се држи во притвор.

Loading...