Кучиња растргнале 44-годишна жена во нејзината дневна соба, па ги нападнале и полицајците

Елејн Стенли, мајка на три деца, починала откако во сопствениот дом ја нападнале нејзините кучиња. Соседите слушнале морничави крици, влегле во домот и ја пронашле Елејн тешко повредена. И немало спас, починала во својата дневна соба каде и ја нападнале кучињата. Нејзините деца, 22-годишната ќерка и 12-годишните близначки не биле дома кога се случил нападот.
– Едвај успеав да ги отргнам кучињата од неа, беа огромни и не сакаа да ја пуштат. Дури откако почнав да фрлам со цигли по нив, се тргнаа и побегнаа во дворот. Тогаш со уште еден сосед се обидов со пешкири да го спречам крварењето и да и дадам вештачко дишење додека да дојде Брза помош. За жал, не преживеа-раскажал еден сосед, додека друг рекол дека видел како кучињата ја влечеле несреќната жена на сите страни додека таа врескала на цел глас.
Кучињата ги нападнале и полицајците кога стигнале на место на стравичниот настан. Едното од кучињата е застрелано со два куршума, а другото некако успеале да го смират и да го стават во безбедносен кафез.

 

Loading...