Куќа совршена за квалитетен зимски одмор

Loading...

Деновиве сме доста изложени на стрес и има ретки ситуации во кои можеме целосно да се опуштиме, а многумина имаат тешкотии со спиењето, што го отежнува исполнувањето на секојдневните обврски и враќањето на рутината. Одморите се нешто што навистина ни треба во овие моменти, а оваа прекрасна куќа во Хрватска нуди релаксација дури и со самото гледање на нејзините фотографии!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casa Nube (@casa_nube)


Освен волшебните природни убавини, можете да најдете прекрасни куќи кои гарантираат одличен одмор на прв поглед. Вистински пример за ова е куќата Каса Нубе, лоцирана во Горски котар во Хрватска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casa Nube (@casa_nube)

Оваа куќа е украсена со многу модерен дизајн и се простира на два спрата, а она што ѝ дава впечаток на луксуз е застаклениот преден дел, поради што можете да уживате во прекрасниот поглед на планината во секое време. Исто така, има бар, спа и велнес-центар и вклучува 3 спални соби, опремена кујна и бања со спа-бања, а најмладите ќе уживаат во детското игралиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casa Nube (@casa_nube)

Времето можете да го поминете пред топол оган со книга во рака, да се релаксирате во еден од достапните третмани во самата куќа или во активности на отворено, како што се возење велосипед или долги прошетки. Можеби нема да можете да отидете оваа зима, но планирајте да ги пакувате куферите за следната!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Casa Nube (@casa_nube)

loading...