Лабуристите победија на изборите на Малта

Loading...

Лабуристичката партија на Малта победи на општите избори и се врати на власт по 15 години минати во опозиција, покажуваат изборните резултати објавени во неделата.Победата на малтешките лабуристи се смета за личен триумф на нивниот лидер, 390годишниот  Џозеф Маскат, кој на челното место на партијата дојде пред пет години и ја започна нејзината модернизација и приближување кон центарот.Пул Борг Оливеир, секретар на досега владејачката националистичка парти изјави дека премиерот Лоренс Гонзи го признал изборниот пораз.Маскат беше пратеник во Европскиот парламент пред да стане претседател на малтешките лабуристи во 2008 година. Оваа партија ја водеше последен пат тамошната влада во периодот од 1006 до 1998 година.Малта, којашто има околу 400 илјади жители, е една од најмалите но и најуспешни економии во еврозоната. Благодарејќи на силно развиениот туризам и финансискиот сектор, оваа островска држава има размерно мала стапка на невработеност, умерен економски раст и низок државен долг.Главното предизборно ветување на Масакт беше намалувањето на цената на електричната енергија, една од најголемите во светски рамки, за 25 отсто.
МакдаксЛабуристичката партија на Малта победи на општите избори и се врати на власт по 15 години минати во опозиција, п

loading...