“ЛАДЕН ТУШ“ ЗА ЗЕЛЕНСКИ ОД АВСТРИЈА: “ЗОШТО УКРАИНА БИ СЕ ПРИКЛУЧИЛА ТОЛКУ БРЗО ВО ЕУ, ШТО Е СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН !?“

„Австрија никогаш нема да се согласи со членството на Украина во Европската унија на штета на Западен Балкан“, изјави во саботата претседателот на австрискиот парламент Волфганг Соботка од Австриската народна партија ÖVP.

Како ова ќе се одрази на Македонија и нашите соседи останува да се види…

Претседател на австрискиот парламент Волфганг Соботка од Австриската народна партија ÖVP – „За нас е клучно не само да им понудиме на земјите од Западен Балкан перспектива за полноправно членство во ЕУ, туку и да им го покажеме патот до Европската унија“, изјави политичарот.

„Австрија никогаш нема да се согласи со кандидатскиот статус на Украина на штета на Западен Балкан“, изјави Волфганг Соботка во интервју за австриската медиумска агенција APA.

„Австрискиот канцелар Карл Нехамер (ÖVP) ‘недвосмислено’ стави до знаење дека нема да има забрзан процес на приближување кон Европската унија за Украина“, посочи Соботка.

Претседателот на австрискиот парламент повика на поинтензивен пристап кон процесот на приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

„За нас е клучно не само да им понудиме на земјите од Западен Балкан перспектива за полноправно членство во ЕУ, туку и да им го покажеме патот до Европската унија“, изјави политичарот.

Соботка застана и во одбрана на австрискиот т.н „non paper“ според кој на земјите од Западен Балкан би им се понудило приближување кон Европската Унија во одредени области, што се подразбирало како отфрлање на перспективата за полноправно членство.

„Мислам дека тоа би било добро решение за земјите од Западен Балкан. Полноправното членство не е исклучено“, изјави Соботка за неофицијалниот документ, подготвен од австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и министерката за ЕУ, ​​Каролина Едштадлер.

Ваквиот пристап би ги спречил грешките од минатото, како во случајот со Романија и Бугарија, за кои владеењето на правото беше решено дури по полноправно членство.

„Не сакаме оваа ситуација да се повтори“, потенцираше Соботка.

Тој ја посочи Србија, која веќе преговара со Европската унија и која, според него, отиде многу подалеку на полето на економската интеграција во ЕУ отколку во областа на владеењето на правото.

„Неофицијалниот документ односно ‘non paper’ на Австрија обезбедува правна сигурност за економската интеграција пред да се исполни владеењето на правото“, изјави Соботка.

„Потребен ни е среден чекор кој ќе им овозможи на некои земји да останат на вистинскиот пат“, заклучи Соботка.

Во исто време, тој ја критикуваше блокадата на Бугарија за отворање на преговорите меѓу ЕУ и Македонија, додавајќи дека „non paper“ ќе спречи такви блокади во иднина.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.