Ладна пудинг торта со ролери

1 1/2 литар млеко
1 пудинг од ванила
1 пудинг од јагоди
1 пудинг од чоколадо
3 лажици густин
12 лажици шеќер
180 г маргарин
450 г ролери по избор
Во тенџере на оган ставете 400 мл млеко да зоврие. Во 100 мл млеко размешајте ги пудингот од ванила, 1 лажица густин и 4 лажици шеќер. Додадете ги во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако пудингот ќе се згусне тргнете од оган, вмешајте 60 г маргарин и веднаш нанесете во калап. Оставете неколку минути да се фати коричка, наредете ролери, па нанесете го пудингот од јагоди. Истата постапка повторете ја со преостанатите ролери и пудингот од чоколадо. Добро изладете ја тортата и превртете ја на чинија.

 

 

Loading...