Лажна закана за бомба во неколку амбасади

Loading...

На лицата од зградата каде се наоѓаат неколку амбасади во Мадрид и кои денес беа евакуирани дозволено им е да се вратат во просториите. Имено, утврдено е дека заканата за поставена бомба била лажна. Евакуацијата била наредена откако Австралиската амбасада телефонски била известена дека во зградата е поставена бомба.
Во висококатницата во Мадрид лоцирани се Амбасадите на Австралија, Велика Британија, Канада и  Холандија.

loading...