Лажна пица: Најбрзиот и најлесниот рецепт од само 3 состојки

Loading...

Иако неправедно се сместува во брза храна, пицата може да биде многу здрава и интересна
Ако уживате во ова јадење, сигурно ќе ви се допадне овој одличен и креативен рецепт за лажна пица.
Потребни состојки:
лиснато тесто
кашкавал (моцарела или некој друг по желба)
пасиран домат од тетрапак
хартија за печење


Начин на подготовка:
1. Земете две лиснати теста, раширете ги и извалајте ги на дебелина од неколку милиметри, па ставете ги едно врз друго во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
2. Ставете го тестото едно врз друго, па поклопете ги со чинија (внатрешната страна треба да е кон тестото). Чинијата служи како шаблон.
3. Направете круг околу чинијата со нож, отсечете го и отстранете го вишокот тесто, така што ќе добиете два круга.
4. Тргнете ја чинијата и на долното тесто намачкајте ја смесата од домати и босилек, додајте кашкавал и поклопете го со другиот круг од тесто.
5. Нежно притиснете ја средината на кругот со чаша свртена надолу, па со нож пресечете го тестото од чашата до крајот, како да сечете пица на парчиња.
6. Потоа, секое парче фатете го за крајот и свртете го два пати околу својата оска.
7. Печете ја пицата на 200 степена околу 20 до 25 минути, односно додека не добие златно-жолта боја.
Совет:
пред да ја ставите пицата во рерна, премачкајте го тестото со живо јајце за да добие крцкава златно-жолта боја.
за да го збогатите вкусот, на пасираниот домат може да му ставите малку оригано, сол и шеќер.
можете да ја збогатите пицата со состојки по желба.
Добар апетит!

loading...