Лазаров: Отидов на се или ништо- ова е победа за Македонија

Loading...

Капитенот Кирил Лазаров одигра клучна улога во победата на Македонија против Украина, неговиот последен шут беше победнички.
„Оваа година ми оди некако во последните секунди, отидов на се или ништо, треба да научиме од овој натпревар, нема што да ни се случи, треба младите да повлечат, без разлика на се, ова е победа за Македонија, ќе се обидеме да се одмориме и да се подготвиме за Чешка“, изјави Лазаров.

loading...