Лазањи со крем супа

Loading...

500 г лазањи
500 г мелено месо
1 главица кромид
2 моркови
500 мл доматен сос
1 крем супа од шампињони
1 лажица сув зачин
200 г кашкавал
масло, сол и мелен црн пипер
Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме да се запржи. По некоја минута ги додаваме ренданите моркови. Откако ќе се запржат го додаваме месото и запржуваме додека ја смени бојата и го додаваме доматниот сос. Посолуваме, и го зачинуваме филот со сув зачин и мелен црн пипер.
Крем супата од шампињони ја подготвуваме според упатсвото, но со помалку вода за да биде погуста.
Во тава за печење, ставаме малку масло и од крем супата. Редиме ред лазањи, ги премачкуваме со крем супа, па нанесуваме од филот од мелено месо. Истата постапка ја повторуваме додека не ги потрошиме сите состојки.
Преливаме со поголема количина од крем супата и на крупната страна од рендето го рендаме кашкавалот. Печеме 30 минути на 180 степени.

loading...