Лате со ванила и цимет

Овие ладни денови откријте нов вкус на кафето
Лате со ванила и цимет
Потребни состојки (за 2 кафиња):
250 милилитри топло кафе
250 милилитри млеко
Сируп од ванила по вкус
Морско оревче по вкус
Цимет по вкус


Начин на подготовка:
1. Турете го млекото во тегла, затворете ја и протресете десетина секунди додека млекото не почне да прави пена на врвот.
2. Ставете ја теглата без капак во микробранова печка околу 45 секунди додека млекото не се стопли и не стане пенесто.
3. Измешајте го сирупот од ванила со топлото млеко и турете ја смесата во француска преса за да стане пенеста.
4. Потоа смесата турете ја во кафето.
5. Декорирајте со цимет и со морско оревче.

Loading...