“Ла верита“ објави 12 минути разговор на Орце и Боки 13 (АУДИО)

Loading...

Утрово на страниците на италијанскиот весник, „Ла верита“ (вистина) под наслов “Случајот ја тресе владата во Скопје“,објавен е нов материјал во врска со случајот “Рекет“. На една од снимките се слуша и гласот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
“Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“, му вели во еден дел Јанева на бизнисменот Орце Камчев. Камчев во видеото вели дека парите на Боки 13 му ги спакувал во соодветна торба “Луј Витон“ и дека не оди нему да му дава пари во “Адидас“ торба. Покрај оваа објавена е и аудио снимка од целиот разговор меѓу бизнисменот Орце Камчев и Бојан Јовановски.
Вчера новинарот Ларис Гајсер ја објави првата снимка за овој случај, на која се гледаше како Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец вршат рекет кај бизнисменот Камчев. Гајсер најави дека деновиве ќе објавува нови материјали за случајот.

 

loading...